За нас

КАКТУСАРНИЦА е омилената дестинација на сите кои купуваат, одгледуваат или само им се восхитуваат на кактусите и другите сукуленти. Интернет продавницата kaktusarnica.mk е во сопственост на АЛКОМ дооел од Скопје. Тоа е првата и единствената специјализирана продавница за кактуси и сукуленти во Македонија. Освен кактуси и сукуленти тука може да најдете и други уникатни и атрактивни растенија. Во КАКТУСАРНИЦА може да најдете и саксии, декоративни материјали и се што е потребно и поврзано со одгледувањето на кактуси, сукуленти и други растенија.

Покрај интернет продавницата, КАКТУСАРНИЦА има и свој блог, каде може да прочитате корисни совети и информации за кактусите и сукулентите кои веќе ги имате или може да ги купите кај нас.

За повеќе информации контактирајте не на телефон 070 514 826 секој работен ден во периодот од 9 до 18 часот или на info@kaktusarnica.mk.