Услови за користење

Добредојдовте во интернет продавницата kaktusarnica.mk! Пред да почнете со користење на нашата интернет продавница Ве молиме внимателно да ги прочитате Условите за користење, како и Политиката за приватност и Политиката за испорака! Секое Ваше користење на интернет продавницата kaktusarnica.mk и купувањето на производи значат дека се согласувате и се обврзувате кон истите!

Алком - Александар дооел Скопје како креатор и сопственик на интернет продавницата kaktusarnica.mk Ви дава право да ги разгледувате сите материјали кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки. Не се дозволува материјалите на интернет продавницата да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни, освен со претходно обезбедена писмена дозвола од страна на kaktusarnica.mk. Материјалите на оваа интернет продавница се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски одредби.
 
Општи услови
  1. kaktusarnica.mk може да промени или повлече било кој дел од интернет продавницата kaktusarnica.mk, или може да одбие пристап во било кое време, доколку смета дека е тоа неопходно.
  2. kaktusarnica.mk исто така може да го раскине овој договор и веднаш да прекине, одложи или да забрани пристап до интернет продавницата kaktusarnica.mk во случај на било какво непочитување на овие Услови за користење.
  3. kaktusarnica.mk делува во свое име и за своја сметка, а не во Ваше или име на трети лица.
  4. Доколку kaktusarnica.mk не применува било кој услов од овој договор, тоа нема да значи дека истиот постојано нема да се применува.
  5. Во случај било кој дел од овие Услови за користење да се покаже како неприменлив, тој дел колку што е можно ќе се толкува на начин да ги одразува намерите на договорните страни, а останатите делови ќе се применуваат во целост.
  6. Овие услови за користење го сочинуваат целиот договор помеѓу Вас и kaktusarnica.mk и истите може да се променат само во писмена форма. Истите исклучуваат секакви други услови или околности.
  7. Користењето на kaktusarnica.mk и овие Услови за користење се под надлежност на судовите на Република Македонија и македонското законодавство.
Купување од kaktusarnica.mk
  1. Кога правите нарачка на kaktusarnica.mk Вие се согласувате производот што сте го одбрале да го платите по цената што е означена за тој производ во интернет продавницата, а што е предмет на овие Услови за користење.
  2. Кога ќе ја завршите нарачката, ќе добиете потврда на е-маил дека Вашата нарачка е успешно примена. Оваа потврда на нарачката се генерира автоматски, со цел Вие да имате потврда дека Вашата нарачка е примена.
  3. Некои производи можат да бидат отстранети од продажба во било кое време без претходна најава. Доколку одредена нарачка не е доставена на корисникот или производот повеќе не е на залиха, а корисникот веќе ја извршил уплатата, kaktusarnica.mk целосно ќе ги рефундира средствата уплатени од корисникот, или на неговата сметка ќе додаде соодветен број на наградни поени со претходна согласност на корисникот.
  4. Секоја нова нарачка се смета за посебна од претходните и се третира индивидуално.
Цени
  1. Цената за секој производ е прикажана во интернет продавницата kaktusarnica.mk и во неа е вклучен ДДВ од 18 % или 5%.
  2. Ние секогаш настојуваме цените кои се прикажани на интернет страницата да бидат точни, меѓутоа не исклучуваме можност за појава на грешки.
  3. Сите цени се изразени во денари.
Плаќање
 
Опцијата плаќање ќе Ви биде достапна само во случај кога количините од нарачката ќе ги има на залиха, во спротивно може да не контактирате за достапноста на производот.
 
Плаќањето можете да го направите на три начини, преку избор на видот на плаќање и тоа:
  • Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa, Diners) - Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
  • Банкарски трансфер - По испраќање на Вашата нарачка ќе добиете фактура со сите потребни детали за плаќање преку банка.
  • Плаќање во готово при преземање (за овој вид на плаќање се доплаќа 1 % од вредноста на нарачката - минимум 30 денари).
Доколку плаќате преку e-banking, во интерес на времето можна опција е да ни испратите потврда од банката за Вашето плаќање, во спротивно ќе чекаме банката да го направи истото, па потоа да започне процесот на испорака. Вие мора во целост да ја платите Вашата нарачка пред производот да Ви биде испорачан. Тоа можете да го направите плаќајќи со дебитна или кредитна картичка или преку уплата во банка. Кога плаќањето се врши со кредитна или дебитна картичка, го задржуваме правото, доколку од околностите истото произлезе, да извршиме дополнителни сигурносни проверки, со цел утврдување на тоа дека лицето кое ја врши уплатата со картичката е навистина сопственикот на истата.
Сите детали за нарачката и фактурите ќе бидат пратени на е-маил адресата на корисникот.
 
Достапност
  1. Настојуваме да ја одржуваме интернет продавницата kaktusarnica.mk колку што е можно постојано ажурирана, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку не сме во состојба да испорачаме одреден производ, а истиот веќе Ви е наплатен, од наша страна ќе Ви биде рефундиран целосно уплатениот износ на Вашата сметка или ќе добиете на Вашата корисничка сметка на kaktusarnica.mk соодветен број на наградни поени со Ваша претходна согласност.
  2. Сите производи се достапни се додека ги имаме на залиха. Доколку не сме во состојба да Ви испорачаме производ кој сте го нарачале, ќе Ве известиме во најбрз можен рок по добивањето на Вашата нарачка. Доколку е ова случај, Вие може да ја откажете Вашата нарачка и уплатениот износ ќе Ви биде вратен во најбрз можен рок.
Работно време
  1. Интернет продавницата kaktusarnica.mk работи 24 часа секој ден во неделата, но доставата на производите не може да се направи во неделите и за државните празници.
  2. Сите нарачки направени во недела или за време на државните празници, ќе се третираат како да се направени првиот следен работен ден, од кога ќе почнат да течат и роковите за достава.
Политика на поврат на средства по трансакција со платежни картички
  1. Ве молиме да го проверите испорачаниот производ во моментот на неговиот прием, во спротивно, нема да покриеме никакви загуби или оштетувања кои ќе бидат презентирани по моментот на прием на истиот.
  2. Веруваме дека ќе биде презадоволни со извршеното купување, но сепак, може да има случаи кога ќе сметате дека треба да го вратите производот. Од тие причини, секогаш се трудиме процесот на враќање на производите да биде што е можно поедноставен.
  3. Ќе дадеме се од себе во најкус можен рок да им излеземе во пресрет на корисниците кои ќе сакаат да вратат производ.
  4. Нашата политика е да се погрижиме секогаш да бидете задоволни кога ќе направите нарачка од kaktusarnica.mk. Доколку не сте задоволни од одреден производ кога ќе го добиете, за да ја започнете процедурата за враќање на производот, треба да го пополните интернет формуларот кој се наоѓа во делот Рекламација и враќање на производ во Вашата корисничка сметка, во рок од најмногу 7 дена од денот на прием на производот. Откако ќе го добиеме Вашето барање за враќање на производ, започнува процедурата за негово враќање.
  5. При враќање на производот, истиот треба да ни се достави во рок од 7 дена од денот на испраќање на барањето за негово враќање, заедно со добиената фактура за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе Ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава) или во договор со Вас, ќе ви додадеме на корисничката сметка соодветен број на наградни поени.
  6. Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме директно на онаа кредитна или дебитна картичка, односно трансакциска сметка од која е извршена првичната нарачка во рок од 14 дена или порано, штом ќе го провериме вратениот производ и ќе констатираме дека е вратен во онаа состојба во која Ви бил испорачан. Единствено ќе мора да платите за достава на производот до kaktusarnica.mk или самите да го доставите.
  7. Се трудиме да ги спакуваме производите што е можно подобро со цел да ги добиете во добра состојба. Меѓутоа, доколку Ви пристигне оштетен или дефектен производ, или доколку станува збор за производ кој не сте го порачале, истиот ќе го замениме бесплатно или ќе извршиме целосно рефундирање на уплатениот износ тогаш кога ќе биде возможно, доколку ни го вратите производот во рок од 7 дена од денот на приемот.
  8. Запомнете дека Вие сте одговорни за производот што го враќате се додека тој не стигне кај нас.
Одговорности на kaktusarnica.mk
  1. kaktusarnica.mk прави напори за описите на производите (вклучувајќи ги и сите фотографии) да бидат што е можно попрецизни, но во секој случај треба да ги проверите димензиите на производите на интернет продавницата или да не контактирате за прецизни големини.
  2. Ве молиме да го проверите испорачаниот производ во моментот на неговиот прием, во спротивно, нема да покриеме никакви загуби или оштетувања кои ќе бидат презентирани по моментот на прием на истиот.
  3. kaktusarnica.mk секогаш ќе ги обезбеди своите услуги со грижа и внимание, но не дава никакви гаранции и/или осигурувања за услугите на трети лица.
  4. Поради природата на интернетот, kaktusarnica.mk ја овозможува и одржува интернет продавницата kaktusarnica.mk на “онолку колку што е возможно” основа и не ветува дека користењето на интернет продавницата ќе биде непречено или целосно без грешки. Во никој случај нема да сносиме никакви материјални или други последици доколку не сме во можност да ги овозможиме нашите интернет услуги од било која причина надвор од наша контрола.
  5. Нашата интернет продавница содржи врски (линкови) до други интернет страни кои не се под контрола и кои не се одржувани од kaktusarnica.mk. Овие линкови се ставени само за да Ви бидат од корист, но ние не сме одговорни за содржината на тие интернет страни.
  6. Освен како што е опишано во овие Услови за користење, не можеме да дадеме никакви други гаранции, услови или рокови, изрични или премолчани, правни или поинакви и истите ги ограничуваме на максималната должина предвидена со закон.
  7. Ќе бидете одговорни за било какво прекршување на овие услови за користење од Ваша страна, доколку ја користите интернет продавницата kaktusarnica.mk спротивно на овие Услови за користење, ќе одговарате за причинета штета и ќе и надоместите на kaktusarnica.mk за било каква загуба или повреда сторена со тоа.
  8. kaktusarnica.mk нема да сноси одговорност во било каков обем заради неисполнување на било која обврска која произлегува од овој договор доколку таквото неисполнување е резултат на настапување на непредвиден настан надвор од реалните можности за негова контрола, вклучувајќи (без ограничувања) прекин на интернет, прекин на комуникациски врски, пожар, поплава и/или воени дејствија.
  9. Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата, прирачниците и други кориснички документи кои доаѓаат заедно со Вашиот производ. Ве советуваме сите производи да ги користите внимателно и во согласност со насоките на производителите. Овие услови не влијаат на Вашите законски права како потрошувач.
  10. kaktusarnica.mk (до максималната граница дозволена со закон) исклучува одговорност за било какви директни или индиректни загуби или оштетувања, настанати на било каков начин, вклучувајќи ги и оние кои би произлегле од проблем за кој сте ја известиле kaktusarnica.mk, и за истите kaktusarnica.mk не сноси одговорност да исплати парични средства или компензација, вклучувајќи и одговорност која се однесува на:
  • Било какви неточни или непрецизни информации во интернет продавницата kaktusarnica.mk;
  • Било какви прекини или одложувања на ажурирање на интернет продавницата kaktusarnica.mk;
  • Кршење на авторски права на трети лица сторено од било кој преку користење на интернет продавницата kaktusarnica.mk или преку купување на било кој производ преку интернет продавницата kaktusarnica.mk;
  • Било каква загуба или причинување штета како резултат на Ваше користење на интернет продавницата kaktusarnica.mk, како резултат на Ваше незнаење при користење на интернет продавницата kaktusarnica.mk или како резултат на недозволен пристап или промени на Вашите податоци во услови кои се надвор од наша контрола;
  • Било каква загуба на профит, непотребен трошок, промена или уништување на податоци или било каква загуба, кои не произлегуваат директно од нешто неправилно што ние сме го направиле;
  • Било какви загуби или оштетувања како резултат на вируси или друг софтвер што може да ја зарази компјутерската опрема, софтверот, податоците или друга опрема на корисникот, предизвикани од лица кои пристапуваат, користат или преземаат од интернет продавницата kaktusarnica.mk, или пак од преноси преку e-mail или прикачени документи или други податоци во e-mail добиен од kaktusarnica.mk или од нејзините соработници;
  • kaktusarnica.mk не сноси никаква одговорност за достапноста, квалитетот, содржината или природата на други интернет страници кои се во сопственост и управувани од трети страни (екстерни интернет страници), а до кои kaktusarnica.mk има поставено линкови, како и за трансакции на екстерните интернет страни, вклучувајќи и “cookies”, лични податоци, доверливи информации или купување на други услуги. Доколку сте загрижени за таквите линкови, интернет страни или трансакции, треба да го контактирате администраторот или сопственикот на тие екстерни интернет страни.
Како да не контактирате
 
Доколку Ви треба помош за да направите нарачка, дополнителна информација за некој производ, доколку сакате да нарачате производ кој во моментот го немаме на лагер или Ви е потребна некоја друга информација, Ве молиме пишете ни на info@kaktusarnica.mk.
Исто така можете да не контактирате и на телефон: 070514826 секој работен ден во периодот од 9 до 18 часот.