Политика за приватност

  1. kaktusarnica.mk се обврзува да ја заштити Вашата приватност, како и податоците добиени за Вас во согласност со оваа Политика за приватност.
  2. kaktusarnica.mk според прописите за заштита на личните податоци обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат во интернет продавницата и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие нема да бидат продадени, споделени или изнајмени на трети лица во било каков облик. Вие можете во секој момент да пристапите и да ги промените Вашите лични податоци оставени на kaktusarnica.mk со избирање на линкот Моја сметка.
  3. Не е потребна регистрација за да се разгледуваат производите на интернет продавницата kaktusarnica.mk. Регистрацијата е неопходна само при комплетирање на наплатата и тогаш од купувачите се бара да ги внесат следниве податоци: име, презиме, е-mail адреса, корисничко име, лозинка и телефонски број, со цел да се олесни комуникацијата при доставата. Лозинката која корисникот ја избира при својата регистрација се чува шифрирана во базата на податоци и како таква не може да биде прочитана ниту од вработените на kaktusarnica.mk.
  4. kaktusarnica.mk нуди опција одреден производ да го препорачате - споделите со пријател преку страниците на повеќе социјални мрежи. Кај некоја од овие опции можеби ќе биде потребно да ги внесете името, презимето и e-mail адресата од пријателот. Личните податоци на Вашиот пријател нема да бидат продадени или споделени со трета страна, но може да биде додаден на листата за добивање информација од нас за новите производи, услуги или промоции за кои сметаме дека може да бидат од заеднички интерес. Вашиот пријател во секое време може да испрати е-mail за отстранување од оваа листа.
  5. Доколку одлучите да ја користите опцијата за оставање на коментар треба да знаете дека сите лични податоци оставени таму се јавни и можат да бидат прочитани од други. kaktusarnica.mk не е одговорна за приватноста на личните податоци оставени на овој начин.
  6. При процесот на наплата kaktusarnica.mk ги бара следниве податоци од купувачот: контакт информации и адреса за испорака. Овие податоци се користат за евиденција на нарачките, навремена испорака  и за потврдување на соодветната дозволена возраст пропишана со закон за вршење на нарачки и купување на производи. Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на НЛБ Тутунска Банка на која ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што kaktusarnica.mk не располага со истите.
  7. kaktusarnica.mk ги чува контакт информациите, адресата за испорака и телефонскиот број на примачите на подароци со цел да обезбеди навремена испорака на подарокот. Овие податоци не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица, но можат да бидат искористени при промоција на нови производи и услуги за кои сметаме дека може да бидат од заеднички интерес. Примачите на подароци имаат можност да се откажат од добивање на вакви е-mail пораки од kaktusarnica.mk во било кое време.
  8. kaktusarnica.mk користи “cookies” со цел да Ви го олесни користењето на интернет продавницата. “Cookies” се мали датотеки кои привремено се складираат на Вашиот компјутер, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае Вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет продавницата на kaktusarnica.mk. Тие се користат  исклучиво за да се приберат информации кои и се потребни на нашата интернет продавница. kaktusarnica.mk користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адресите не се поврзани со личните профили. Веб страната ја забележува јавната IP адреса на корисниците. Оваа информација се зачувува, без никакви дополнителни информации околу останатите страници кои корисникот ги посетувал, освен страницата која го довела до kaktusarnica.mk (на пример, при користење на пребарувач). Други веб страни кои се обезбедени како линкови во интернет продавницата kaktusarnica.mk не секогаш ги спроведуваат истите политики како и kaktusarnica.mk.
  9. kaktusarnica.mk им препорачува на сите родители и старатели да им посочат на своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да оставаат лични податоци на kaktusarnica.mk без дозвола од своите родители или старатели. kaktusarnica.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател. 
  10. Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, Ве молиме контактирајте не.
  11. Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во овие Услови за користење, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.