Политика за испорака

Политиката за испорака се однесува на испорака на производите нарачани преку интернет продавницата kaktusarnica.mk.

  1. Испораката на сите производи на целата територија на Република Македонија е БЕСПЛАТНА доколку вкупната вредност на производите во Вашата кошничка го надминува износот од 2500 денари.
  2. Доколку вредноста на производите во кошничката изнесува под 2500 денари, се пресметува фиксен износ за испорака во висина од 99 денари + 18% ДДВ.
  3. Со цел Вашите нарачки да стигнат безбедно и навремено, kaktusarnica.mk соработува со повеќе лиценцирани компании за испорака на пратки на територијата на целата држава.
  4. Испораката на производите во цела Македонија се извршува во рок од 2 до 5 (најчесто за 3) работни денови од денот кога ќе добиеме потврда од банката за извршено успешно плаќање на нарачката (или од денот на процесирање на нарачката, доколку сте избрале “На врата - плаќање во готово“ како начин на плаќање).
  5. Во Скопје нарачките може да ги преземете и лично, без дополнителни трошоци за испорака. По добиената потврда од банката за извршено успешно плаќање, ќе добиете известување дека Вашата нарачка е подготвена за преземање, по што ќе може да си ја преземете на нашата локација за преземање во Кисела Вода кај општината, на ул. Петар Дељан бр. 5. (Овој вид на испорака е достапен само за плаќање со платежна картичка или банкарски трансфер).
  6. Во роковите не се засметуваат: неделите, празници или други неработни денови, времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои kaktusarnica.mk не одговара.         
  7. Производите ќе бидат испорачани на адресата на лицето кое Вие сте го навеле како примач, а потврда за наплатата и фактура за купените производи ќе добиете по електронски пат на e-mail адресата на купувачот која Вие сте ја навеле.
  8. Доколку претставникот на компанијата за испорака не успее да го најде примачот на наведената адреса за испорака или на телефонскиот број за контакт кој е наведен при самата нарачка, на наведената адреса за испорака ќе биде оставена писмена информација за направениот обид со контакт информации од испорачувачот или повторно ќе биде контактиран по телефон од страна на операторот за достава на пратки. Ве молиме секогаш да наведете точен телефонски број за контакт!