Наградни поени

Со цел да ги награди своите регистрирани корисници за нивната лојалност, kaktusarnica.mk нуди низа поволности. Една од тие поволности се и наградните поени.

При купување на било кој производ од продавницата, на Вашата корисничка сметка автоматски се додаваат* наградни поени во вредност од 5% од вредноста на производот. Во периоди на акции и промоции одредени производи ќе носат поголем број наградни поени. Наградните поени можете да ги искористите за да добиете попуст на одреден производ во вредност на наградните поени кои веќе ги имате собрано, или комплетно да платите некој производ од продавницата само со наградните поени. За секој производ објавен на нашата интернет страница, покрај цената на производот, истакнати се и бројот на наградните поени што го добивате при купување на производот, како и бројот на наградните поени потребен да се купи тој производ. Одредени производи ќе биде возможно да се купат само со наградни поени.

Начин на користење

По најавување со Моја сметка, треба да го одберете линкот што ве носи кон Вашите наградни поени. Тука табеларно се прикажани вкупниот број на Вашите веќе добиени поени, како и детален приказ за времето и начинот на кој ви биле доделени.

Во случај кога имате наградни поени, доколку одберете производ од интернет продавницата и истиот го ставите во Вашата кошничка, при купувањето на производот како дополнителна опција ќе се појави можноста за користење на наградните поени, веднаш под производите во Вашата кошничка. Доколку имате доволен број на поени, во целост можете да го(и) купите производот(ите) во Вашата кошничка, без никакви дополнителни трошоци. Доколку имате помал број на наградни поени од потребните за купување на производот(ите) во целост, можете да го внесете бројот на поени кои ги поседувате, или било кој број на поени за да добите попуст во износ од наведениот број на поени, кој воедно не може да е поголем од бројот на поени кои ги поседувате.

Доколку производот што го купувате со наградни поени не ги задоволува условите за бесплатна испорака, испораката на производот мора да биде платена и не може да се надомести со наградни поени. 

*При купување на производ со наградни поени не се додаваат наградни поени за тој производ.