Agave americana е еден од најголемите и највеличествените видови на Agave. Овој популарен и широко распространет сукулент достигнува височина до 1,8 м и до 4 метри во широчина. Листовите може да достигнат и до 2 м во должина. Познат е како Американско Алое или Вековно растение, но “вековно“ е малку претерано, бидејќи за да расцвета, најчесто е потребно да поминат од 10 до 30 години. По цветањето умира, но во меѓувреме околу него пушта многу нови растенија.
Сокот од овој сукулент се користи како диуретик и лаксатив, а наоѓа примена и за третман на модринки, надуеност, запек, жолтица и дизентерија. Стеблото и срцевината на неговиот цвет може да се печат и да се јадат. Од семето се прави брашно од кое се прави леб, а се користи и како згуснувач на супи. Ако стеблото на цветот се исече пред да расцвета, во срцевината се собира слатка течност од која со дестилација се добива алкохолен пријалок познат како mezcal.
Сукулентот кој го добивате е засаден во пластична саксија со дијаметар од 9 см, украсен со декоративни камчиња кои може да бидат во различна боја од таа на фотографијата.
Повеќе информации за Вековното растение и неговото одгледување, може да прочитате овде!
Целата понуда на сукуленти од родот Agave може да ја видите овде!
Основни какрактеристики | |
Тип на производ | сукулент |
Карактеристики на кактусот/сукулентот | |
Род | Agave |
Вид | Agave americana |
Максимална висина | 15 см |
Карактеристики на саксијата | |
Саксија | пластична |
Дијаметар на саксија | 09 см |
Висина на саксија | 08 см |