Алое Вера (Aloe vera) е сукулент кој како лековито растение се користи повеќе од 3000 години. Познат е како еликсир на долговечноста, еликсир на вечната младост, кралица на лековитите растенија, тајната за убавината на Клеопатра, волшебно, медицинско или растение за прва помош. Има повеќе од 500 видови кои му припаѓаат на родот Aloe и повеќето народот ги препознава како Алое Вера, но само едно е вистинското и само едно е Чудото од природата, а ова е токму тоа.
Овој сукулент e носител на Award of Garden Merit на Британското кралско здружение за хортикултура, која им се доделува само на најдобрите градинарски растенија и претставува знак за извонреден квалитет.
Сукулентот кој го добивате е засаден во пластична саксија со дијаметар од 15 см, украсен со декоративни камчиња кои може да бидат во различна боја од таа на фотографијата.
Повеќе информации за Алое Вера и неговото одгледување, може да прочитате овде!
Целата понуда на сукуленти од родот Aloe може да ја видите овде!
Основни какрактеристики | |
Тип на производ | сукулент |
Карактеристики на кактусот/сукулентот | |
Род | Aloe |
Вид | Aloe vera |
Максимална висина | 35 см |
Ширина | 40 см |
Карактеристики на саксијата | |
Саксија | пластична |
Дијаметар на саксија | 15 см |
Висина на саксија | 11,5 см |