Како да нарачате?

Купувањето на производите од Кактусарница може да го направите на брз, едноставен и безбеден начин, од дома, додека сте на работа или во движење. 

Секој ден од 0 до 24 часот може да нарачате преку системот за online купување во нашата интернет продавница (следејќи ги чекорите во упатството кое може да го најдете подолу). Доколку Ви е потребна дополнителна помош за да направите нарачка на овој начин, слободно контактирајте не!

Ако не сте во можност или немате доволно време за да ги нарачате производите преку системот на нашата интернет продавница, ние Ви даваме можност нарачката да ја направите на телефонскиот број 070514826, секој работен ден од 09:00 до 18:00 часот, и преку email на info@kaktusarnica.mk или порака на нашата страница на Facebook (https://www.facebook.com/kaktusarnica), секој ден од 0 до 24 часот.

Доколку одлучите Вашата нарачка да ја направите преку телефон, e-mail или порака на Facebook, покрај информации за производите кои сакате да ги нарачате и начинот на плаќање, потребно е да ни оставите и Ваши податоци:

  • име и презиме,
  • адреса,
  • e-mail адреса,
  • и телефонски број за контакт.

На Вашата e-mail адреса ќе добите потврда дека Вашата нарачака е направена, со информации за производите и податоци кои Ви се потребни, доколку сакате плаќањето да го направите преку банкарски трансфер. Со доплата од 1 % од вредноста (минимум 30 денари), нарачката може да ја платите и во готово при испораката на Вашата адреса.

За нарачките направени преку телефон, email или преку порака на Facebook, поради заштита на Вашите лични податоци, плаќањето со платежна картичка не е достапно. 


УПАТСТВО ЗА КУПУВАЊЕ ПРЕКУ СИСТЕМОТ НА НАШАТА ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА


Избор и додавање на производ(и) во кошничката

 

 

Чекор 1

Најпрвин, изберете го производот што сакате да го купите. Потоа, на страната со детални информации за производот, кликнете на копчето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА”. Доколку производот е достапен во повеќе бои, видови или пакети, во делот “Достапни опции“ изберете го саканиот вид, боја, пакет или некоја друга опција. Опциите со црвена ѕвездичка се задолжителни. Доколу сакате да нарачате повеќе од еден од истиот производ, изберете ја саканата количина со кликнување на “+“, односно “-“ кои се наоѓаат од левата страна на копчето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА”.

 

 

 

 

 

Чекор 2

По додавањето на производот во кошничката, може да продолжите со разгледување и додавање на други производи, или да кликнете на Моја кошничка каде ќе имате увид на сите производи кои ги имате во неа. Таму може да одберете дали ќе ги искористите Вашите наградни поени, купон за попуст или вредносен ваучер (доколку имате) за плаќање на производот/ите, како и да ја видите пресметката на трошокот за испорака. Потоа, може да продолжите повторно со купувањето или да пристапите кон нарачка на производите во Вашата кошничка и нивно плаќање со кликнување на копчето “Оди на каса”. 

 

 

 

 

 

Избор на начин на испорака и плаќање на нарачката

 

 

Чекор 1

Кога ќе преминете кон наплата на производите, ќе Ви се појави опција да отворите профил и да платите како регистриран купувач (добивате дополнителен попуст од 5% во форма на наградни поени кои може да ги искористите при следната нарачка) или како гостин. Откако ќе ја изберете соодветната опција, преминувате кон внесување на Вашите податоци. 

 

 

 

 

Чекор 2

Сите полиња обележани со ѕвездички се задолжителни. При тоа, може да изберете адресата на плаќање и испорака да бидат исти или различни, односно нарачката да биде испорачана на Вашата или друга адреса и примач по Ваша желба. Откако ќе ги пополните сите податоци, продолжете понатаму со кликнување на копчето “Продолжи“.

 

 

 

 

 

Чекор 3

Доколку сакате нарачката да биде испорачана на друга адреса, внесете ја адресата и другите детали за примачот на нарачката.

 

 

Чекор 4

Доколку вкупната вредност на производите во Вашата кошничка го надминува износот од 2500 денари (или некој друг износ во случај на акција), системот автоматски ја избира опцијата “БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА“. Во спротивно, се појавуваат само опциите “ИСПОРАКА“ и “ЛИЧНО ПОДИГНУВАЊЕ“ Лично подигнување на нарачките без дополнителни трошоци за испорака е достапно само доколку плаќањето го направите со платежна картичка или банкарски трансфер. Износот за испорака во секој град и населено место во Република Македонија е фиксен и изнесува 100 денари + 18% ДДВ. За да преминете на следниот чекор, клинете на “Продолжи“.

 

 

 

 

Чекор 5

Следува изборот на начин на плаќање. Изберете еден од понудените три:

  1. Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa, Diners);
  2. Банкарски трансфер (Уплатница или електронско банкарство);
  3. На врата - плаќање во готово (за овој вид на плаќање се доплаќа 1 % од вредноста на нарачката - минимум 30 денари).

Откако ќе го направите изборот на начин на плаќање, кликнете на “Продолжи“ за да преминете на следниот чекор.

 

 

 

 

Чекор 6

Доколку одберете да платите со Платежна картичка, трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурно поврзување со банката, каде ќе мора во соодветните полиња задолжително да ги внесете следниве информации: 

  • Број на картичката 
  • CVV2/CVC2 (верификациска вредност/код на картичката) и
  • Датум на истекување (важност) на картичката.

 

 

 

Доколку одберете Банкарски трансфер, на Вашата e-mail адреса ќе добиете информации и податоци кои Ви се потребни за да го извршите плаќањето. Плаќањето може да го извршите со образец ПП 10 (налог за готовинско плаќање) или со образец ПП 30 (налог за безготовинско плаќање). Во продолжение следуваат примери за нивно пополнување. Податоците од нив може да ги користите во зависност од видот на банкарски трансфер што ќе се одлучите да го примените. 

 

 

 

 

 

Доколку Ви е потребна дополнителна помош, може да не контактирате во било кое време на info@kaktusarnica.mk и преку нашата Facebook страница (https://www.facebook.com/kaktusarnica) или на телефон 070514826 секој работен ден од 09:00 до 18:00 часот.