Crassula ovata ‘Gollum’ е необична и многу интересна сорта на еден од најпопуларните сукуленти, познат како Дрво на парите, Дрво на среќата или Дрво на пријателството. Овој сукулент е препознатлив по неговите светло зелени листови кои се во форма на цевчиња и е многу е сличен на сортата Хобит. Инспирација за имињата и на двете сорти се ликовите на Џ.Р.Р.Толкен, авторот на Господарот на прстените. Овие две сорти се многу популарни и меѓу одгледувачите на бонсаи.
Сукулентот кој го добивате е засаден во пластична саксија со дијаметар од 11 см, украсен со декоративни камчиња кои може да бидат во различна боја од таа на фотографијата.
Повеќе информации за Дрвото на парите - Голум и неговото одгледување, може да прочитате овде!
Целата понуда на сукуленти од родот Crassula може да ја видите овде!
Основни какрактеристики | |
Тип на производ | сукулент |
Карактеристики на кактусот/сукулентот | |
Род | Crassula |
Вид | Crassula ovata |
Сорта | Crassula ovata ‘Gollum’ |
Максимална висина | 19 см |
Карактеристики на саксијата | |
Саксија | пластична |
Дијаметар на саксија | 11 см |
Висина на саксија | 09 см |