Чувар на куќа - лек за се

Posted by kaktusarnica 26/03/2015 0 Коментар(и) Лековити растенија,Рецепти,

Сукулентите од родот Semprevivum кај народот се познати под името Чувар на куќа. Може да се сретнат повеќе од 40 (некаде може да се сретне информација и за повеќе од 50) различни видови и дури над 3000 хибриди во различни форми, бои и големини. Отпорни се на суша, но се познати и се познати и како едни од најтпорните на ниски температури. Името Semprevivum доаѓа од латинскиот збор што значи - засекогаш жив.

Sempervivum tectorum (Семпервивум текторум) е најпознатиот и најраспространетиот. Постои верување дека Чуварот на куќа штити од громови, болести и вештерки. Во една народна поговорка се вели “Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа“. Во народната медицина се користи многу одамна. Неговите лековити својства се должат на јаболковата и мравјата киселина. Современите истражувања се насочени кон полисахаридите од сокот на Чуварот на куќа, затоа што се верува дека делуваат на имунолошкиот систем, но и дека помагаат во лекувањето на канцерогените заболувања.
 


Надворешна употреба
Од низата лековити својства кои ги има Чуварот на куќа, најпознато е тоа дека го елиминира вишокот на маснотија од ушните канали. Оттаму доаѓа и другото има според кое е познат кај народот - Ушник. Покрај тоа, сокот од листовите на Чуварот на куќа е добар природен лек против заболувања и повреди на кожата, против чирови, исеченици и изгореници. Исто така, лековитиот сок од ова растение долги години наназад се користи за отстранување брадавици, задебелувања на стапалата, но и против дамки на кожата кои се појавуваат како резултат на преголемата изложеност на сонце.

Запаление на ушите
Преполовете неколку ливчиња од Чувар на куќа и исцедете две до три капки сок во болното уво. Оставете ја течноста да делува неколку минути, а потоа свртете ја главата за течноста да истече од ушната шуплина.

Внатрешна употреба
Листовите од Чувар на куќа кога се комбинираат со мед се добива смеса која е многу делотворна кај воспаление на усната шуплна. Сокот од ова растение е одличен диуретик, а има и лаксативно дејство. Чуварот на куќа се употребува и во случаи на напнатост, нервози и стравови.

За јакнење на организмот
Измелете неколку листови од Чувар на куќа во блендер, ставете ги во длабок сад и додајте мед. Измешајте ја смесата и истурете ја во тегла. Теглата обложете ја со алуминиумска фолија за смесата да не биде изложена на светлина. Ставете ја теглата да отстои пет дена во фрижидер. Од шестиот ден јадете по две лажици од медот, но не конзумирајте ништо освен вода во следните дваесет минути.

Одличен лек за кожни болести и рани
Чуварот на куќа делува слично како Алое Вера, растение кое е познато по тоа што лекува различни кожни заболувања. Ова растение се смета за еден од најсигурните лекови за широкиот спектар кожни болести. Заради антивоспалителните и антисептички својства служи како одлична прва помош кај изгореници, убоди и каснувања, затоа што брзо ја смирува кожата. Доволно е "повреденото" место да се премачка со сок од Чувар на куќа или да се стави облога од пресечен лист од растението.

Сок од Чувар на куќа
Сокот од Чувар на куќа содржи полисахариди и антибактериски соединенија кои успешно се борат против бактериите. Помага и кај нервните проблеми, стравови, но и против цревните паразити. Сокот може да се пие или со него да се прави гаргара ако имате бронхитис, гнојно воспаление на забите, ушите и грлото. Се препорачува да го пијат жените на кои им е дијагностициран тумор на матката. Препорачливо е да се пијат по три лажици сок на ден или да се изедат неколку ливчиња од ова растение.

Чувар на куќа во мед
Оваа смеса успешно ги лекува миомите и цистите на матката, како и проблеми со штитната жлезда. Делува како средство за детоксикација на организмот, па затоа се препорачува по неконтролирано јадење и пиење (т.е подуеност на организмот). Кога ќе се направи смеса од жешка вода, мед и мелени листови од Чувар на куќа, се добива природен лек кој ја смалува температурата.

Чај од Чувар на куќа
Овој чај ги намалува обилните менструации, менструалните грчеви, дијареата и чировите. Доволно е да сварите 10 гр сушени листови од Чувар на куќа во 250 мл вода. Чајот нека врие околу 15 минути. Следното утро испијте една шолја чај, а потоа на секој час земајте по една лажица од чајот.

 

Извор: Мој дом

Agave americana ‘Marginata’ е еден од најубавите и најбараните сукуленти. Жива скулптура која не ост..
159 ден.
text_tax 135 ден.
Mammillaria bocasana е атрактивен кактус прекриен со голем број на тенки бели боцки. Покрај нив..
149 ден.
text_tax 126 ден.
Kalanchoe tomentosa е многу популарен сукулент кој расте во форма на грмушка, со зелени влакнести ли..
149 ден.
text_tax 126 ден.
Euphorbia mammillaris е мал, симпатичен сукулент од родот Euphorbia, познати како млечки. Стеблото м..
209 ден.
text_tax 177 ден.
Curio rowleyanus, кој сеуште е познат и како Senecio rowleyanus, е атрактивен сукулент со топче..
149 ден.
text_tax 126 ден.
Tephrocactus articulatus е мал, спорорастечки кактус кој наликува на шишарка и поради тоа е познат и..
149 ден.
text_tax 126 ден.
Mammillaria crinita subsp. wildii е еден од кактусите кои најдолго цветаат. Во пролет..
289 ден.
text_tax 245 ден.
Според тоа како изгледа Rhipsalis salicornioides воопшто не наликува на кактус. Сепак ова ..
149 ден.
text_tax 126 ден.
Escobaria missouriensis е мал, но многу атрактивен кактус, кој блеснува во полн сјај во пролет кога ..
149 ден.
text_tax 126 ден.
Opuntia tuna f. monstruosa е интересен, многу разгранет кактус кој расте во неправилн..
229 ден.
text_tax 194 ден.
Echeveria 'Black Prince' е сукулент кој расте во форма на розета и е хибрид добиен со вкрстување на ..
209 ден.
text_tax 177 ден.
Kalanchoe blossfeldiana е најчесто одгледуваниот сукулент од родот Kalanchoe. Достигнува в..
209 ден.
text_tax 177 ден.
Haworthia attenuata е прекрасен мал сукулент, препознатлив по белите линии кои се рас..
149 ден.
text_tax 126 ден.
Agave americana ‘Marginata’ е еден од најубавите и најбараните сукуленти. Жива скулптура која не ост..
229 ден.
text_tax 194 ден.
Sedum praealtum е сукулент со листови во светло зелена боја, расте расте во форма на грмушка и ..
139 ден.
text_tax 118 ден.
Керамичка саксија со дијаметар од 9 сантиметри и висина од 8 сантиметри. ..
39 ден.
text_tax 33 ден.
Сет од 10 пластични саксии во кафена боја со дијаметар од 9 сантиметри. Се употребуваат повеќе го..
59 ден.
text_tax 50 ден.
Сет од 5 пластични саксии во кафена боја со дијаметар од 10,5 сантиметри.  Се упот..
39 ден.
text_tax 33 ден.
Уникатна рачно боена керамичка саксија. Дијаметар: 100 мм Висина: 90 мм Бои: црна, жо..
199 ден.
text_tax 169 ден.
Уникатна рачно боена керамичка саксија. Дијаметар: 100 мм Висина: 90 мм Бои: зелена, ..
199 ден.
text_tax 169 ден.